Македонското МНР се огласи за автобуската несреќа во која загинаа 3 лица


По тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу 1.40 часот, кога на влезот во Лесковац се преврте македонски автобус, при што на лице место загинаа маж и две жени, денеска околу пладне се огласи Министерството за надворешни работи на РМ.

-Во врска со автобуската несреќа во Србија, засега официјално од српските власти ја имаме добиено само информацијата во врска со превозникот, а тоа е дека станува збор за автобуски превозник од Струга, со регистарски таблици Euroturs SU 3325 AC. Се чека на дополнителни информации, потврда за број на загинати и повредени и други информации поврзани со несреќата. Веднаш штом ќе добиеме потврда од српските власти, ќе информираме. Министерот за здравство Венко Филипче, Генералниот секретар на Влада Драги Рашковски и претставник на амбасадата на Република Македонија во Белград се упатени кон местото на несреќата, соопштија од македонското МНР.

Тројца од патниците со тешки повреди се на интензивна нега во одделот Хирургија болницата во Лесковац додека еден е на Ортопедија. Останатите 23 патници се со полесни повреди.

Сѐ уште нема официјални информации за причината за несреќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1