На денешниот голем македонски празник низ струшките улици не се вееше македонското знаме, освен она постојаното пред општината што е веднаш до албанското, пишува порталот Пулс24.
Некогашниот “Плоштад на Револуцијата” во Струга, денес преименуван во “Мајка Тереза” на Илинден остана со празни јарболи, без ниту едно развиорено знаме, кое ќе го симболизира празнувањето на големиот национален празник, јавува телевизијата Канал 5.
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција, го обвинија градскиот татко дека не го почитува македонскиот народ, за што ќе бараат одговорност.
„Градоначалникот Села си го покажа лицето сето она што го кажуваше после изборите дека е градоначалник на сите паѓа во вода. Како што гледате на нашиот најголем национален празник се дрзна да не го истакне македонското знаме како што и самиот закон налага“, изјави Перо Петкоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга.
Градоначалникот Зиадин Села во телефонскиот разговор за Канал 5 кажа дека ЈП “Комуналец”било обврзано да ги постави знамињата, но од непознати причини направиле пропуст, па ке ја исправат грешката во текот на денот. Стружани воздржани, не сакаа да коментираат пред камера.
Повеќе за реакциите на следниот – ЛИНК