Во листата на странци кои пријавувале барање поткуп од македонските службеници е и еден амбасадор од земја на европската унија. Бројот на пријави кои се доставени во Транспарентност Интернешнл Македонија покажува малтретирањето на странските државјани кои влегуваат и поминуваат низ земјава се случува секојдневно, пишува Нова Тв.
-Државјаните од земјата каде што доаѓам патувале со автобус и поминувале транзит низ Македонија. Сообраќајни инспектори на Министерството за транспорт и врски им побарале транзитна дозвола. Возалот немал таква дозвола, бидејќи истата воопшто и не постои. Сепак, тие одбивале да го пуштат да помине се додека не остави „нешто“.
Откако платил мито спокојно ја поминал границата. Ова не е изолиран случај, туку пракса е на возачите да им се бараат помеѓу 25 и 50 евра за да можат да ја поминат границата без да бидат непотребно задржувани, напишал амбасадорот кој примил поплака од свој државјанин и истата ја проследил во Транспарентност Интернешнл-Македонија,
Погледнете ја видео сторијата на НОВА