Македонци повредени во сообраќајка во Бугарија – се враќале од лекарски преглед во Софија


Мајка и 11-годишна ќерка од Македонија синоќа заработиле тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случила Бугарија во близина на градот Кресна , јавува “Струма”. Повредените било итно пренесени во благоевградската болница. Двете жени и детето се задржани на Ортопедија, додека мажот е сместен на хируршкото одделение.

soobrakjajka 44Бугарската полиција извести дека на меѓународниот пат Е-75 вчера околу 18.20 часот во сообраќајка близу Благоевград се повредени четворица македонски државјани.

Македонците кои вчера беа повредени во тешката сообраќајка, се враќале од лекарски преглед во Софија.

Несреќата се случила околу 18:40 часот, кога такси возило со македонски регистрации излетало од патот и се забило во дрво. Причините за несреќата се уште се непознати. Повредени биле 11 годишно девојче кое заработило фрактура на раката и нејзината мајка која имала силна болка во стомакот. Повреди заработила и братучетката на жената, која заработила фрактура на колк. 44-годишниот возач на “Шкодата” заработил торакална траума и има сомнежи за скршени ребра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1