Македонци уапсени во Србија: Криеле купишта екстази во перница


Во автобус со швајцарски регистарски таблички, српската полиција на граничниот премин Харгош, заплени 519 грама опојни дроги сокриени во перница.droga-pernica1-640x362

Автобусот патувал на релација Прешево-Келн, но полицијата заедно со работниците од царина го пребарале автобусот и се запрепастиле од она што го пронашле. Купишта од зелени и бели таблети уредно спаковани во два пакети. Пакетите биле скриени во перница несомнително сместена во просторот за личен багаж во патничкиот простор на автобусот.

Сопствениците на екстазите се државјани на Република Македонија, станува збор за лицето А.Ф (51) и А.А (26) се уапсени и задржани во полицијата, по што со кривична пријава ќе бидат спроведени на Вишото јавно обвинителство во Суботица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1