Македонци внимавајте – може да зборувате со ХотЛајн а и да не знаете


„Среќен Велигден, за многу години нека е… Kако поминавте?“ – пишувало во пораката, која може да измами многумина да одговорат на неа. 

„Здраво, пред с`, да се извинам ако пречам. Ми остави број на нет, па ако не е грешка пиши ми ако сакаш да се договориме за средба. Поздравче.“ Ваква СМС-порака потпишана од извесна Маја и испратена од број од еден од нашите мобилни оператори добил млад скопјанец минатиот месец. Пораката по ништо не се разликува од тие што речиси секој корисник на мобилен телефон секојдневно ги добива од пријателите или познајниците, па не се посомневал дека нешто не е во ред.

telefon3Но, откако ~ вратил две пораки на Маја, разговорот на скопјанецот му станал сомнителен и на интернет го проверил бројот од каде што ги добива СМС-пораките. Многу се изненадил кога сфатил дека ~ испраќал пораки на регистрирана хотлајн-агенција, која секоја порака ја наплаќа 20 денари плус 18 отсто ДДВ.

– Среќа што јас видов навреме за што станува збор, па СМС-пораките не ме чинеа многу. Но, што станува со тие што нема да се посомневаат од прва? Пораките навистина беа многу нормални, не беа како познатите спам-пораки, кои на англиски јазик те известуваат дека си добитник во некоја наградна игра. Она што сакам да го дознаам е како хотлајн-агенцијата го добила мојот број, затоа што тоа е злоупотреба на моите лични податоци – вели скопјанецот.

За Велигден тој повторно добил СМС од „Маја“ во која го наведува на разговор, но поучен од претходното искуство, веднаш го блокирал бројот.

„Среќен Велигден, за многу години нека е… Kако поминавте?“ – пишувало во пораката, која може да измами многумина да одговорат на неа.

На интернет-страницата на агенцијата јасно е наведено дека станува збор за хотлајн-агенција, која повиците ги наплаќа по 30 денари од минута плус 18 отсто ДДВ. Наведена е и цената за СМС од 20 денари плус ДДВ. Kусите пораки може да се праќаат од сите мобилни оператори во земјава.

Мобилните оператори потенцираат дека нема шанса личните податоци на корисниците, меѓу кои се и нивните имиња и телефонските броеви, да стигнат до физички лица или до фирми без дозвола на корисникот. Единствено може да се споделат со физички лица, фирми или органи на државната власт кога тоа го бара и дозволува законот. Сепак, тие ги повикуваат корисниците што се чувствуваат измамени да пријават за да може да проверат дали има простор да преземат мерки.

Ваквите измами со СМС пораки од хотлајн-агенции се релативно непознати за корисниците на мобилни телефони. Тие досега реагираа на измами со куси пораки и повици од броеви со чудни и непознати префикси. Тие што се јавуваат на бројот најчесто не можат да го прекинат повикот, кој се тарифира како меѓународен разговор. Операторите потенцираат дека нивните системи веќе можат да ги препознаат ваквите броеви и однапред ги филтрираат, со што се спречува масовно испраќање спам-пораки од еден ист број.

Дневник 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1