Македонци во мрежата лажни бракови во Словачка


Словачката полиција соопшти дека пресекла добро разработен канал преку кој Срби, Црногорци и Македонци преку лажни бракови со Словачки за 3.500 евра се здобивале со дозволи за престој и за работа во Германија, Данка и во други западни земји.prsten brak

Жените, словачки државјанки, прво ги средувале документите за да можат да се венчаат во странство, а потоа биле носени во Србија каде за склучување брак добивале по 3.500 евра.

Портпаролката на словачката полиција Дениса Балогова за онлајн весникот Актуалити изјавила дека потоа жените со лажните сопрузи заминувале во Германија или Данска каде бнарале дозвола за престој.

Словачките ваква дозвола добиваат лесно, бидејќи се членки на ЕУ, а на младоженците од Западен Балкан им било дозволувано да останат врз основа на спојување на семејството.

Словачката полицијата упасила петмина членови на организираната група, од кои двајцата шефови се во притвор, додека другите ќе се бранат од слобода. Според словачките закони за кривично дело шверц на мигранти им се заканува затвор од две до осум години.

Истрагата засега има цврсти докази за петмина, иако се испитуваат уште 20 такви лажни наменски бракови кои склучиле Словачки на возраст од 21 до 43 години со мажи од Западен Балкан.

Од почетокот на годинава словачката полиција уапсила 23 лица кои организирале лажни бракови со цел мигранти главно од Србија, Црна Гора, Македонија, Индија и Нигерија да дојдат до легални дозволи за престој или работа во Германија или Данска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1