Македонците го распродаваат златото за да платат сметки


Во светот сите се пренасочија на ,,натрупување,, златни резерви, но во Македонија продавањето на накитот кој некогаш го давале семејствата за свадби и други веселби е единствен начин да се собере некое денарче плус и да се истурка месецот.

How-to-Sell-Gold-Jewelry-For-CashВесникот Дневник направил анализа колку македонците продаваат злато и колку добиваат за возврат.

,,Сите девизи што до сега ги чував не ми стасуваа за да го покријам трошокот за свадба на двете деца. Затоа, наместо да им дадам злато на снаите, јас го продадов сопственото што го носев за да им направам свадби – изјавила средовечна скопјанка, што ја затекнале во една од златарниците.
Понуда за откуп на старо злато имаме постојано и во последно време се забележува растечки тренд, вели за дневник златарот Неџбедин Буши

– Само надолу одиме, нема работа како порано, ретко се купува, луѓето почесто продаваат. Се носи с` што се има дома, од прстени, синџирчиња, брезлетни, па до стари лири и алтани – вели Агрон Аслани, од златарницата „Смарагд“.

Еден грам 14-каратно злато, од какво што е поголемиот дел од накитот што го поседуваат граѓаните, се откупува за 21 или 22 евра. Значи околу 1.300 денари се цени грамот од старите прстени, приврзоците, синџирчињата и свадбените обетки. Во некои златарници може да се добие повисока цена ако наместо пари се бара замена за ново злато. Во таков случај грам злато чини 1.500 денари. Осумнаесеткаратното злато или тоа од кое се направени старите турски лири, чини повеќе, а граѓаните што го продаваат за еден грам добиваат по 1.700 денари.

Извор Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1