Видео: 1 милион луѓе без вода – Владата не им кажала дека отровни материи истекле во водата


На петти јануари властите на кинескиот град Хандан, биле принудени да го запрат протокот на вода за жителите, поради истекување на индустриска отровна материја.

i29fed5984deedf56d96e951c15a365fd_1

И покрај тоа што инцидентот бил откриен на 31 декември, жителите известувањето го добиле дури пет дена подоцна.

Градот Хадан кој се наоѓа во провинцијата Хебеј, своето примарно водоснабдување му беше отсечено во саботата попладнето, а ваквиот потег уследил по несреќата во близина на Шанкси каде што индустриски хемикалии биле истурени по реката Жанге.

Лабавиот одводен вентл во индустрискиот погон во градот Лучхенг резуртирал со девет тони хемиски анилин, да се одлејат во реката.

if37af15b60372ae8d962cb65e31c5a99_3Протекувањето прв го забележал еден од вработените во хемиската индустриска централа за обработка на јаглен, Тианји, за време на една рутинска проверка на 31 декември.

Голем број на мртви риби биле пријавени во реката уште во петокот вечерта, иако немало извештаи за човечки жртви.

Додека градот Хандан се префрлил на друг подземен извор на вода, жителите можеби биле изложени на расипана вода речиси повеќе од пет дена.

Засега не е познато зошто сигналите за предупредување биле одложени на толкав долг период, но по откривањето на инцидентот, локалните жители масовно почнале да купуваат флаширана вода од локалните супермаркети.

i38826cd1c596bb31e753c500de8635d4_2„Најверојатно ќе бидат потребни неколку недели за да се решат проблемите, предизвикани од излевањето“, вели Жанг Хиаојиан, професор на животната школа на Меѓународниот универзитет, Ксинхуа.

Широкиот обем на економски раст во Кина, доведе да голем број на големи фабрики да се градат покрај реките.

Неквалитетната контрола на животната средина покрај фабриките и релативно благите казни за вакви незгоди, допринесоа до зголемување на ваквите инциденти во последните години.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1