Прв македонец во светската здраствена организација


Не чекаат уште потопли лета, поради климатските промени и мора да научиме да се адаптираме на таквото време, вели првиот од Македонија  кој работи во центаралата на СЗО, Доктор Владимир Кендровски

vladimir kenrovskiд-р Кендровски е избран за експерт за климатски промени во конкуренција од над 160 кандидати од цела Европа и директно учествува  во креирањето на  светската здравствена политика. Тој е меѓународен експерт за климатски промени и здравје. Надлежен е за 53 земји во Европа.

-Климатските промени се нешто со што веќе се соочуваме и справуваме. Ставот на СЗО е што побргу земјите членки да ги имплементираат сите оние политики и да се адаптираат во секторите. Кога зборуваме за здраствениот сектор, ризиците кои доаѓаат кои се присутни, кои ги осекаме и допрва ќе ги осеќаме што повеќе да ги минимализираме. Секако тоа е возможно преку организирана активност и здравствена стратегија која секоја земја членка треба да ја преземе, вели за Сител д-р Владимир Кендровски, меѓународен Експерт во СЗО.

Според  Кендровски, Македонија е земја која добро е подготвена за справување со климатските промени кои освен на времето влијаат и на економијата, земјоделството, на водата на енергијата и на се што не опкружува.

Извор – Сител

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1