Македонците имале расипани заби


Македонците не се многу загрижени за сопственото орално здравје. Грижата за оралното здравје не подразбира само убава насмевка.

Dentist-at-Work--53640Не можете да добиете убава естетика, а при тоа останатиот дел од усната празнина да биде заболен. Ова денеска на прес-конференција го истакна Ана Миновска, претседател на 18.конгрес на Балканската асоцијација на стоматолози, кој ќе биде отворен вечер и ќе трае до 28 април.

На конгресот се разговара и за новите европски правила во оралната директива кои се однесуваат и на ,,оралната козметика,, за поголема безбедност на пациентите,

Изминатите месеци беше поднесен амандман во оваа насока и веќе е усвоен во сите европски земји, а се однесува на белењето на забите. Исклучиво само стоматолог може да постапи во врска со белењето на забите, а тоа е потцртано во оваа директива.

Постои уште едно ограничување, а тоа е дека материјалите кои ќе бидат ставени во уста за спроведување на белењето на забите треба да содржат до 16 проценти хидроген пероксид. Ниту еден друг козметски професионалец подалеку од стоматологот не смее да прави белење на заби, рече Шарков.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1