Македонците може да работат во Турција – сега и со договор за пензии, здравствено осигурување


Неодамна потпишаните договори за труд и вработување меѓу Македонија и Турција ќе ја унапредат соработката меѓу двете земји.

turcijaСпоред македонското Министерство за труд и социјална политика, заедничкиот договор за социјалните политики им овозможува на граѓаните од двете држави да примаат пензии, здравствено и инвалидско осигурување во Турција или во Македонија. На пример, луѓето кои достигнале возраст за пензионирање во Република Македонија, но живеат во Турција, ќе добиваат пензии во Турција во согласност со овој договор. Според министерството, 155 луѓе кои живеат во Турција веќе добиле пензии за кои исполниле услови во Македонија.

Новиот договор, кој ги покрива и прашањата поврзани со правата на вработување и искоренување на детскиот труд, претставува измена на договорот потпишан пред 13 години. Официјалните претставници од двете страни велат дека целта е да се обезбедат подобри животни услови за граѓаните преку размена на искуствата во овие области.

„Соработката ќе се одвива преку размена на искуства и знаења за тековните состојби во овие области, но и за стратешките планови за во иднина, со цел долгорочно решавање на проблемите и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните на Турција и Македонија“, изјави за SETimes министерот за труд и социјална политика на Македонија, Диме Спасов.

Македонија досега потпиша договори за социјално осигурување со 18 држави, вклучително и со Романија, Хрватска, Босна и Херцеговина (БиХ), Србија, Бугарија, Турција и е во процес на потпишување со Косово.

Подетално на – setimes.com

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1