Четвртата Глобална конференција на Обединетата македонска дијаспора ќе се одржи в година во Македонија од 25 јули до 3 август и на тој начин токму на стогодишнината од потпишувањето на Букурешкиот мировен договор ќе им покаже на соседите дека опстојуваме пред големите предизвици. Темата на конференцијата ќе биде „Македонија 2013 – Сто години по Букурешкиот договор“.
– Одлучивме Македонија да биде домаќин на конференцијата во 2013 година не само за да ги собере во татковината Македонците од целиот свет, туку на своите соседи да им покаже дека опстојуваме пред големите предизвици, вклучувајќи ги поделбите, етничкото чистење и геноцидот. Ние постоиме и ќе постоиме како Македонија и како Македонци – вели Стојан Николов, претседавач со ОМД.
Организаторот на Kонференцијата вели дека главните настани ќе се одвиваат во Охрид и во Скопје, но делегација планира да направи посети и на Мала Преспа (Албанија), на Благоевград (Бугарија) и на Грција, за да се види какво е секојдневието на Македонците што живеат таму.
извор – Дневник