Македонците сакаат да се смеат – а јас уживам да ги засмејувам – Бојан слави 2 год на сцената


Млад, смешен – да се изгазиш од смеење, амбициозен, релаксиран, опуштен дечко – вака накратко може да се опише Бојан Велевски – актер – комичар. Цели 2 години го работи она што го сака – а тоа е да ги смее луѓето, да глуми, да настапува. За овие две години колку што е на сцената има и те како со што да се пофали.

Неговите видео клипчиња се вистинска сензација – активен е на фејсбук, има настапи низ Македонија, единствениот Македонец е што настапуваше на сцена на која настапуваат светки познати stand up звезди од калибарот на Steve Hughes,  во Загреб – Хрватска – на најеминентната stand up сцена на Балканот – Studio Smjieha

Бојан е и професионален актер, дипломирал на ФДУ , а освен неколку улоги во македонски филмови, глумел и покрај Мики Манојлович, Никола Кољо, Никола Ристановски…

Иначе за овие 2 години има околу 60 настапи можеби и повеќе, оддамна престанал да ги брои.. од декември 2012та соработува со STAND UP MACEDONIA исто така е под договор со DEL RIO FILMS, и заедно со екипата на станд ап маседониа ја полнеа Универзална сала 5 пати во 7 месеци.

„Следно што спремам е голема балканска станд ап турнеја низ сите метрополи на бивша југославија, бидејќи после настапот на ПАНЧ во Загреб добив отворени понуди од најдобрите станд ап клубови низ бившите ју простори, тоа е за напролет. на 24ти точно праам 2 години, ќе биде напраен highlights од матријалот од овие 2 години плус ќе има уште еден дел со сосема нов матријал“

Од каде наоѓаш теми – ги користиш ли некогаш како странските комичари искуствата од приватниот живот, случки на пријатели и слично? Дали ти се лутат?

Морам да признаам дека интернет, особено статусите и коментарите што ги гледам на фејсбук ми даваат огромна количина матријал за обработка. Нашите “забавни” портали со сите БУКВАЛНО преведени статии од англиски јазик, превземени од странски сајтови ме смеат до солзи некогаш.

Ги следам и светските комичари кои знаат некогаш силно да ме инспирираат или да ми дадат идеја за некоја тема слушајќи ги. А, за приказните од приватниот живот… па 95% од настапот ми е од мое лично искуство, секако дека ги користам и искуствата од луѓето, блиски, далечни, познати, непознати. Сега ми е многу полесно да соберам матријал. Ќе пишам на фб дека пишувам на одредена тема и дека барам помош и пристигнуваат приказни од сите страни.

Бојан потенцира дека е страствен навивач на Работнички

„Навивач сум на Работнички во сите спортови,  дома имаме традиција од 70години поддршка на тој клуб„

1473734_10201598891709059_1506614345_nУспешни 2 години – се надеваме дека долгооо ќе остане на сцената и уште долго ќе ги смее македонците.

За малиот роденден на 24-ти месецов изјави :

“Сакам, со особено задоволство, да ги поканам сите оние кои ме пратат овие 2 години, на овој мал роденден, на местото каде сè започна, во ресторанот Every Day, во Аеродром. Таму прв пат застанав пред публика и засекогаш ќе се сеќавам на тој мој прв настап. Овојпат, перформансот ќе биде поделен на два дела од по 40-на минути.

Ќе направам еден мал highlights од материјалот кој помина најдобро во овие две години и секако ќе има премиера на нов материјал, кој досега на ниедно друго место не е изведен. Инсистирав картата да биде максимално пристапна, за да може секој да си ја дозволи, сепак, станува збор за еден вид роденден.” – кратко изјави Бојан.

Настанот се случува во ресторанот Every Day – Аеродром (веднаш до Фонд за пензиско), кој вечерта ќе биде посебно уреден како елитен станд ап клуб. Почетокот е закажан за 24. 11. 2013 – 21 часот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1