Македонците „се дрогираат“ со диазепам, хелекс и лексилиум


Фондот за здравствено осигурување на Македонија ја алармира јавноста за зголеменото користење на диазепам и апаурин, потоа бромазепамот познат како лексилиум и алпразоламот односно хелекс и золпидемот попознат како санвал.apcinja

Учеството на овие лекови во вкупниот број на реализирани рецепти се движи од 8,18% во 2010 до 8,98% во 2013. Со овие бројки анксиолитиците како група на лекови се на второ место, а генеричкиот лек диазепам е на четврто место од десетте најчесто пропишувани лекови.

Најголема потрошувачка е констатирана во следните градови: за диазепам и апаурин во Берово и Неготино, за лексилиум и бромазепам во Битола за хелекс во Кичево и за санвал во Виница

Податоците со кои располага ФЗОМ укажуваат на огромната потрошувачка на овие лекови и трендот на постојано зголемување, но таа се однесува само за оние лекови кои се подигнати од аптека на товар на ФЗОМ, а не и за тие кои се купуваат на приватни рецепти и што се користат при болничкото лекување, што значи дека потрошувачката е уште поголема.

Brif.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1