Македонците се плашат да купуваат преку интернет


Граѓаните сеуште се плашат да ги користат кредитните картички за купување преку интернет. Сметаат дека податоците можат да им бидат злоупотребени. Ретко користат пејпал кој се смета за најсигурен инструмент за плаќање., но од дрга страна, се уште не дозволува да примаат пари од странство на нивните сметки. Истото важи и за фирмите.

За да се зголеми онлајн трговијата во земјава која сеуште е во зачеток, мора сите производи од земјава да бидат баркодирани., односно да поседуваат ГС1 стандард. Со тоа ќе можат и да се продаваат на светските онлајн платформи како што се Амазон е беј и Алибаба.

Бизнисмените од земјава согласни дека баркодирањето е неопходно. Само така ќе се зголеми сигурноста, односно фирмите ќе можат да ги контролираат своите производи од производството преку дистрибуцијата па се до крајните потрошувачи.

Статистиката покажува дека над 70 отсто од потрошувачите пред да купат некој производ ги пребаруваат неговите карактеристики на интернет. Доколку некој производ има бар код информациите ќе бидат повидливи и поточни.

Ако порано преку интернет најмногу се продаваа и купуваа книги и музика сега приматот го има електронската опрема, а не помалку се присутни и прехранбените производи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1