Македоснко – Бугарска банда крадела коли во Австрија – уапсени во голема акција


По долгата истрага властите во австриската федерална провинција Стирија притвориле 11 членови на криминална група за кражба на автомобили. Ова го соопшти австрискиот весник “Tiroler Tageszeitung”.

kradec koliПриведувањето на двајца бугарски државјани пред една година ја насочи полицијата на патеката на криминалците.Во декември 2012 година полицајци уапсиле двајцата Бугари, кои патувале со луксузен автомобил. Потоа било утврдено дека документите и регистарските броеви на возилото се фалсификувани. Во системот за пребарување на возилото била регистрирана како украдено.

Благодарение на тоа полицијата успеала да ги пронајде и останатите членови на групата.Документите потребни за автомобилите, биле фалсификувани во Бугарија.Последователно, австриските власти издадоа европска потерница за 36-годишен Бугар и 46-годишен Македонец. Бугаринот бил уапсен во март 2013 година во Словенија, а Македонецот се упте се бара.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1