Макрадули: На див објект не може да му е местото во заштитено подрачје


На див објект не може да му е местото во заштитено подрачје, вели заменик министерот за животна средина Макрадули. Но, постои можност да влезе во новиот закон за Матка, пренесува Канал 5.

Активностите на спорната платформа моментално стагнираат бидејќи постапката за нејзиното легализирање е во тек.

И покрај консензусот од клучните институции дека дивоградба е недозволива во подрачје како што е Матка, со трите зони кои ќе ги има новиот закон постои можност статусот на платформата да биде пренаменет за да се вклопи во новото законско решение.

Законот треба да биде испратен во Влада до 15 јуни. Се уште не е одлучено кој ќе биде примарен управувач и какви обврски ќе има.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1