Малата Атиџе од Македонија се побуни: Не сакам да ме продаваат како невеста


Не сакам да ме продаваат како невеста, сакам самата да си ја кројам својата судбина! Ова биле зборовите на младата Ромка од Македонија, која се побунила откако неодамна била продадена како невеста, во општината Маргера, која е предградие на италијанскиот град Венеција, пишува Дневник.

devojce122– Четиринаесетгодишното девојче, чиј идентитет не се открива, а која ние ја нарековме Атиџе, требало да заврши како сопруга на десет години постар маж. Нејзините и родителите на несудениот зет си подале рака во знак на договор за брак, нешто што е своевидна непишана традиција во ромската средина со векови, пишуваат медиумите во Италија. С` било подготвено за свадбата. Парите биле дадени, купена била свадбената облека и најблиските наголемо се подготвувале за неколкудневната веселба, пишува весникот.

Сепак, тоа што се случило ги шокирало сите, пред се, најблиските на девојката. Таа се побунила и одбила да стапи во брак со момчето на кое му ја продале. За ова биле известени социјалните служби во Италија, кои веднаш реагирале и ја згрижиле девојката.

Според медиумите во Италија, во судска постапка им било одземено родителското право на биолошките родители на малата Атиџе. Таа сега е во рацете на социјалните служби и засега не е познато дали ќе биде сместена во згрижувачко семејство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1