Малезискиот авион летал уште четири часа по последниот контакт


Истрагата се сомнева оти исчезнатиот малезиски авион летал уште околу четири часа по последниот контакт со контролата на летање, објави американскиот весник „Волстрит џурнал“, наведувајќи дека ваквиот заклучпк е изведен врз основа на податоците од моторите на леталото што автоматски се регистрираат и пренесуваат до земјата, како дел од рутинската програма за одржување.

Malaysia-Airlines500Во извештајот на американските истражители вклучени во истрагата за исчезнатиот малезиски авион „Боинг 777“, се покренати прашања зошто авионот летал без контакт со контролата на летање, дали пилотот или некој друг од леталото „намерно“ ја оневозможил радио врската од пилотската кабина за да се избегне откривањето, а потоа го пренасочил авионот.

Мониторинг системот на моторите во кокпитот на авионот периодично испраќа низа податоци за состојбата на моторите, операциите и движењето на авионот до производителот „Ролс-Ројс“.

– Продолжуваме да ја следиме ситуацијата и и ја нудиме нашата поддршка на „Малезијан ерлајнс“, изјави претставник на „Ролс-Ројс“, без да наведе повеќе детали.

Властите во Куала Лумпур денеска ги демантираа наводите на американскиот весник „Волстрит џурнал“ дека исчезнатиот малезиски авион летал уште околу четири часа по последниот контакт со контралата на летање.

– Извештаите не се точни, изјави малезискиот министер за сообраќај Хишамудин Хусеин.

Шест дена по мистериозното исчезнување на авионот, што предизвика масовна потрага по воздух и вода, досега не е најдена никаква трага од леталото.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1