Малезиските власти ангажираа јасновидец: Видел дека авионот се уште лета или паднал


Во потрагата за исчезнатиот малезиски авион Боинг 777-200 се вклучи и Ибрахим Мат Зин, „бомбох“ или малезиски јасновидец, кој бил ангажиран од висок функционер во малезиската Влада.
bomoh-luar-negara-kutuk-gambar-1-564x272Ибрахим Мат Зин или познат како Раџа Бомох Седуниа Нујум, имал свој перформанс на аеродромот во Куала Лумпур во обид да ги демонстрира своите визии околу исчезнувањето на авионот Boeing b777-200 на компанијата Malaysia Airlines, пишува NBC News.

Малезискиот пророк или шаман, кој притоа бил ангажиран од владини претставници во таа прилика дал своја изјава.

“Авионот или се’ уште лета или паднал во морето”, заклучил најпознатиот пророк во Малезија, кој користи алати како “двоглед од бамбус” и други конвенционални алати, пишува NBC News.

Неговиот обид за откривање на судбината на исчезнатото летало бил исмеан на сите социјални мрежи, а подобар третман не добила ниту малезиската влада која го изнајмила.

)

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1