Малку сме плаќале паркинг – Градски паркинг сака да го поскапи


Цената на паркирањето во Скопје треба да се зголеми, а не да се намалува, сметаат од ЈП „Градски паркинг“, од каде пресметале дека скопјани плаќаат ниска цена за паркирање.

centar-parking-604x272„Наведените цени не се променети од 2008 година и оттогаш нема нивно покачување. Во тие цени, покрај услугата, пресметан е трошокот за ДДВ од 18 отсто, како и комунална такса од 10 отсто, што значи дека околу една третина од вкупната цена се трошоци“, велат од „Градски паркинг“ за весникот „Нова Македонија“.

Зоната А ги вклучува паркиралиштата во строгиот центар на градот, каде што цената за еден час паркирање изнесува 45 ден, во зоната Б е 35 денари, во зоната Ц и во зоната Д е 25 денари за еден час, што значи дека просечната цена изнесува 35 ден.

„Нова Македонија“ ги споредува цените за паркирање во Скопје со оние во останатите европски метрополи, но согласно животниот стандард на населението и дојде до заклучок дека споредено со месечните приходи, скопјани плаќаат поскап паркинг.

Во Берлин еден час паркирање чини околу 60 денари, а просечната плата изнесува околу 120.000 денари. Скопјани, пак, со просечна плата од околу 21.000 денари плаќаат околу 35 денари за паркинг.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1