Британија избрка Американец кој имал рак зашто лекувањето било скапо


По 13 години брак Британката Лорејн Маркс и било одземено правото да се грижи за својот сопруг болен од рак, Ралф, кој бил депортиран во САД бидејќи неговото лекување прескапо ќе ги чинело британските даночни плаќачи. Освен тоа, таа самата ја расте нивната 10 годишна ќерка Александра.

izbrkan amerikanec rakРалф се разболел од леукемија. Наспроти лекарските препораки, бил депортиран во САД поради огромните сметки за неговото лекување. неговата сопруга можела само беспомошно да гледа како бил качен на авион и депортиран. Ралф и Лорејн се запознале во 2001. Тој не сакал да земе британско државјанство бидејќи поради работата како хемиски инжинер постојано патувал.

Го задржал статусот на посетител во Велика Британија, што значи дека на секои 6 месеци морал да ја напушти земјата а потоа пак да се врати кога почнува да тече рокот од нови 6 месеци.

Откако се разболел, било оценето дека ќе ги прекрши роковите за престој но и дека претставува ризик за јавните фондови и му било наредено веднаш да ја напушти Британија.

– Не знам што да направам. Ги дадовме сите документи што ги побараа. Јас тука плаќам данок со години а немам никаква корист. Ние не баравме државата да ни ги покрие трошоците за лекувањето. Ќерка ми не го видела татко и цела година. Што ако ракот му се врати и таа никогаш повеќе не го види – вели гневната Лорејн на која, во потрагата по решение, и било одговорено – а зошто едноставно сите не заминете да живеете во САД?

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1