Малолетник без возачка прегазил пешак


Шеснаесетгодишник од тетовски Пирок со автомобил прегазил пешак, завчера на регионалниот пат Тетово-Пирок, соопшти МВР. Сообраќајната несреќа се случила околу 20 часот,на дел од патот во село Боговиње. Малолетникот, управувајќи автомобил „ауди“, налетал и удрил во А.А.(46) од Боговиње.

policija srednaПешакот веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница, од каде што поради сериозноста на повредите, бил префрлен на скопските клиники.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата, а според првичните сознанија, причина за сообраќајката е неприспособена брзина.

За една недела ова е шести пешак, меѓу кои и две деца, кој е прегазен на улиците во Тетовско од несовесни возачи.

Според информациите од СВР Тетово, во првите три месеци од годинава на поширокото тетовско подрачје биле откриени 120 лица, кои управувале возила без положен возачки испит, меѓу кои и малолетници

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1