Малолетник нападнат во автобус на ЈСП, дете му се заканувало со нож


На 16.09.2016 година околу 18:30 часот во полициската станица Гази Баба било пријавено физички напад врз малолетник.policija-vo-avtobus500

Како што информира МВР, на 15.09.2016 година околу 13:00 часот ул.„Александар Мартулков“ додека 16-годишен малолетник се возел со неговите другари од училиште во автобус бр. 50 на ЈСП на релација „Битпазар“ до нас. Автокоманда, се качиле околу 10 малолетници.

Еден од нив му удрил шлаканица, а друг извадил нож на расклопување и му го вперил во пределот на половината, без да му нанесе повреди.

На автобуската постојка во населбата Автокоманда сторителите слегле од автобусот и избегале.

СВР-Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1