Малолетник од Скопје силувал девојче


Одделението за малолетничка деликвенција и семејно насилство при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство  го предаде малолетникот А.М. (16) поради основано сомнение дека сторил  22 кривични дела,  меѓу кои „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

На А.М. му е одреден 30 дневен притвор. Тој извршил полов напад над малолетничка со која бил во љубовна врска и живееле заедно во напуштени куќи на подрачјето на Скопје и Штип.siluvanje maloletnik

А.М е осомничен и за 11 тешки кражба, 4 тешки кражби во обид, 5 кражби на автомобил и „прикривање“.

Во периодот од јануари до август годинава, пријавениот на подрачјето на Скопје, извршил 11 кривични дела тешка кражба, од кои четири биле во обид.

Од 1-те извршени тешки кражби, по две се од куќа, канцеларии на фирми и приватно училиште САБА, а по една во книжарница, кафе-бар, салон за мебел, туристичка агенција и фризерски салон.

Четирите обиди за тешка кражба се извршени во возило, канцеларија, бутик за венчаници и дискотека.

Тешките кражби ги извршувал на тој начин што со употреба на погоден предмет и физичка сила делувал во пределот на крилото и рамката на влезната врата, влегувал во просториите, вршел претурање и пребарување по што одземал претежно техничка стока (телевизори, компјутери, УСБ стикови и сл). По преземени мерки и активности, дел од одземените предмети се пронајдени и се вратени на сопствениците.

А.М.  на подрачјето  на Скопје и Штип, според пријавите,  украл возила „Југо  Корал“, „Југо Застава“, „Рено 5“, „Сузуки Марути“ и „Ровер“. Со погоден клуч-калауз ги отварал возачките врати. Во два случаи возилата го стартувал со заборавен контакт клуч во бравата од возилото, во исто толку случаи го стартувал со тастер и во еден случај со клуч-калауз, по што откако ќе го ставел во движење се возел низ подрачјето на град Скопје се додека не бил забележани од страна на припадниците на единицата „Алфа“ или се додека имало гориво во возилото, соопштија од МВР.

Кривичното дело „прикривање“ е извршено во мај годинава. Откако ги затекнал неговите пријатели како управуваат возило кое не било во нивна сопственост, им го одзел и по кратко возење го оставил на локалниот пат за село Визбегово.

Според полицијата, малолетникот А.М. е познат сторител на кривични дела и против него досега се поднесени  уште 16 кривични пријави заради постоење основано сомневање дека е сторител на други имотни деликти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1