Мафијашка ликвидација: Изрешетан со 8 куршуми – два куршуми во глава


Горан Обрадовиќ (37) наречен Суша, некрунисаниот водач на “крушевачкиот клан“ убиен е ноќта меѓу саботата и недела околу два часот по полноќ пред зградата во која живеел во близина на плоштадот.

Обрадовиќ е изрешетан со повеќе куршуми, а злосторството се случи во моментот кога тој излегувал од таксито со кое дошол од центарот на градот.

Откако бил изрешетан, убиецот му истрелал уште еден куршум во тилот. Според српските медиуми, Обрадовиќ до зградата во која имал стан стигнал со такси. Потоа тргнал кон влезот на зградата, каде што го пречекал убиецот.goran-obradovic-krusevac-sacekusa-ubistvo-obracun-mafija-likvidacija-1411947601-576387

– Немал шанси да преживее затоа што е погоден со 7-8 куршуми. Имаше рани на вратот и во телото. Куршумот му минал низ ‘рбетот,  рекол извор од истрагата за српски Блиц.

-Додека таксистот го вртел автомобилот и полека излегувал од уличката, меѓу паркираните автомобили истрчал напаѓачот и испалил повеќе куршуми од пиштол. Нападот се случил со молскавична брзина, што Обрадовиќ кој важел за исклучително внимателен човек, не стигнал да реагира. Убиецот испукал 8-9 куршуми, кои Обрадовиќ го погодиле во градите, а имало и два куршуми во главата, што укажува на тоа дека го завериле, велат извори од истрагата.

Мотивот за убиството на Горан Обрадовиќ уште се истражува, а полицијата не ја исклучува можноста дека екипата на Зоран Јотиќ Јотке, поранешен водач на “крушевачкиот клан“, го чисти градот од соперничките кланови пред неговото излегување од затвор.goran-obradovic500

Убиениот Обрадовиќ го презел „крушевачкиот клан“ по заминувањето на Јотке во затвор и наводно тргувале со херион и кокаин од Бугарија, а парите заработени од продажбата на дрогата припадниците на кланот го вложувале во кафулиња, хотели, коцкарници, а го користеле и за лихварење и препродажба на автомобили.

– Обадовиќ со многумина се замерил во последно време и бил склон кон насилничко однесување. Списокот на тие што имале причина да го ликвидираат е голем. Се занимавал со рекет, а многу пари вложил во недвижнини. Само во последните неколку месеци купил повеќе од 60 недвижнини во Крушевац. Многу се коцкал, па се зборува и дека имал големи долгови, додал изворорт.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1