Малолетниот кој силуваше врсник се обидел да го убие лекарот со два кујнски ножа в раце


Во неделата побарал лекарска помош, се обидел да го нападне лекарот а потоа земал два ножа и се вратил во лекарската соба заканувајќи му се на лекарот дека ќе го убие

Главоболка била причината поради која 16 годишниот затвореник побарал помош. Незадоволен што долго чекал, бесот го истурил врз затворскиот лекар и тоа само што влегол во собата пишува во соопштението од обвинителството.

noz

Со дрзок и висок тон се обратил кон лекарот, потоа ја турнал масата меѓу нив и се обидел да го удри, во што го спречиле двајца надзорници. Подоцна, од трпезаријата зел два ножа и повторно влегол во лекарската соба со вербални закани кон лекарот дека ќе го убие, а притоа повторно го спречиле присутните надзорници

Детето кое сега е обвинето за обид за убиство и заработи притвор од 30 дена, веќе издржува воспитна мерка  оти  сторил повеќе кривични дела. Токму тој беше и во групата од четворица силувачи на малолетник во грозоморнипот чин кој се случи во затворот во април минатата година. Ова силување во полиција не го пријавија ниту затворските  чувари ниту директорот, а случајно го  откри народниот правобранител. Против малолетниците силувачи и службениците се поднесени пријави, но по ова следуваше  уште еден случај на силување меѓу штитениците. Од канцеларијата на омбутсманот алармираат дека децата прераснуваат во поголеми криминалци оти системот за превоспитување не функционира.

Според статистиката најголем дел од малолетниците кои сега се во затвор претходно лежеле и во други поправни установи. Омбутсманот веќе го предупредил министерството за правда од каде добил одговор дека условите ќе се подобрат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1