Малолетници нападнати во Ѓорче Петров


Тинејџери биле физички нападнати од страна на три непознати лица без повод и причина во Ѓорче Петров ноќта во сабота спроти недела.pukanje-gjorce-02-610x457

Случај во полиција го пријавил Е.С.(49), според кого во саботата околу 21.00 часот неговиот 15 годишен малолетен син кој прославувал роденден со неговите другари, во близина на ОУ„Ѓорче Петров“, тргнале да земат пијалак во блиската продавница и биле пресретнати од страна на засега непознато лице со безбол палка заедно со други две лица.

Тие тројцата дошле до оштетениот и неговите другари и физички го нападнале на тој начин што го фатил за врат и го турнал во грмушки. Потоа се обидел да го удри со тупаница, но оштетениот избегал и телефонски го пријавил настанот.

Кога тргнал кон ПС-ОН „Ѓорче Петров“, еден од насилниците ја земал палката и се обидел да го удри оштетениот во пределот на главата, но не успеал во намерата. По настанот оштетениот со двајца негови другари отишле пред ОУ„Ѓорче Петров“, каде за кратко време пристигнале полициски службеници од ПС ОН„Ѓорче Петров“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1