Малолетници сакале да ограбат продавница во Ново Лисиче


Во продавница на булевар „АСНОМ“ во Скопје вчера во 11:35 часот три непознати лица извршиле разбојништво во обид врз вработената.

Сторителите влегле во продавницата и со закана со нож побарале пари. Сопругот на вработената, кој бил во задниот дел на продавницата, излегол и им се спротивставил, по што сторителите побегнале.

Тој успеал да фати едно од лицата, додека другите двајца кои избегале, биле пронајдени од страна на полициски службеници.

Станува збор за малолетници на возраст од 15, 14 и 17 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1