Сите знаеме колку е брзо и стресно времето во кое живееме и колку сме зависни од технологијата и телефоните, но оваа порака во скопска градинка која стигна до редакцијата на Курир, е лекција за сите родители.
„Мамо, јас сум тука“
-Вашето дете цел ден чека на вас и среќно е што ве гледа! Среќни ли сте и вие што го гледате вашето дете?! Секојдневно гледаме деца кои се обидуваат на родителите да им покажат што направиле, а родителите не го тргнуваат погледот од телефонот, стои во дел од пораката!