МАН: Заев и СДСМ судат, а СЈО им одработува- Каде го има ова господине Бејли?!


Македонската асоцијација на новинари упатува јавен протест против активностите на СЈО усмерени кон уривање медиуми, гушење на слобода на говор и слобода на збор за новинари и јавно бараат асистенција од СЈО за незаконски акции против медиуми, новинари и сопственици на медиуми за партиски потреби на СДСМ.477025-kade-go-ima-ova-gospodine-bejli-640x360

Ви го пренесуваме интгрално соопштението

Веќе никој во јавноста нема дилема дека СЈО и СДСМ соработуваат и имаат исти цели и задачи откако СЈО ги ослободи од одговорност Зоран Заев и Зоран Верушевски а отвори процеси против сопственикот на ТВ Нова Сеад Кочан, главниот уредник на најголемиот македонски медиум Сител Драган Павловиќ Латас, како и главниот уредник на Вечер, и уредник во Сител Ивона Талевска.

Веќе никој нема дилеми дека СЈО не е дел од правосудниот систем во Макеоднија, туку е казнена експедиција на една партија и еден човек – на СДСМ и Зоран Заев откако самите се дефинираа и то го потврдија тоа сметајќи дека милионските криминали и корупција на Зоран Заев помагани од Верушевски не се криминал, а криминал е кога сопственик на фирма оснива медиум или кога новинари имаат критички однос кон СДСМ и Зоран Заев и заради тоа СЈО отвара постапки против нив и сосема незаконски на прес конференции објавува свои претпостапки во форма на пресуда и малограѓанско оговарање.

СЈО не постои кога се сомнeвања во медиумите под контрола на СДСМ и фондацијата Сорос во прашање, дури и кога се јавно изнесени јасни докази за перење пари, даночни затајувања и отворено фиансирање на партијата СДСМ преку невладините организации финансирани од странски дипломати и фондацијата Сорос во Македонија.

Бадијала и без ефект некои дипломати зборуваат за потреба од демократија и гарантирана слобода за медиумите и новинарите кога, во исто време, поддржуваат партиска контрола врз СЈО и селективен, тенденциозен прогон на медиуми и новинари од СДСМ и СЈО.

Главниот уредник на Сител, Драган Павловиќ Латас, изнесе и конкретни докази дека во простории на СЈО, во присуство на нивни вработен Славчо Бојковски функционер на СДСМ, генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски неовластено, и незаконски вршел распит врз сведок на кој му нудел надомест со бизнис ако сведочи против главниот уредник на Сител, а доколку не соработува дека ќе биде обвинет.

Неколку дена подоцна истата закана му е повторена и од обвинителката на СЈО Елизабета Јосифовска и нејзиниот тим.

Катица Јанева и СЈО јавно се фалат дека наместо со законот своите акции ги координираат со странски дипломати кои освен во СЈО влегуваат и во судови и се обидуваат да даваат насоки за судење по предмети кои ги води СЈО. Од тие причини за ово случај е известена и амбасатата на САД во Скопје и побаран е прием за да се образложи овој настан и добие поддршка за обезбедување законски услови на странките пред СЈО, особено за медиуми и новинари кои СДСМ ги прогласи за свои непријатели и бара акции од СЈО против нив, но од амбасадата на САД, до денешен ден, нема одговор што упатува дека оттаму е одобрена акцијата на СЈО против медиуми и новинари кои Зоран Заев ги смета за свои непријатели.

Ја прашуваме амбасадата на САД како и СЈО, во која демократска држава функционер на партија врши распит на граѓанин во просторија на обвинителство и му се заканува?

Во која демокртска држава обвинител на прес конференција изнесува свои претпоставки за криминал на сопственик на медиум, уредници и новинари јасно и намерно уривајќи го нивниот углед и професија без да има докази, и без да постои пресуда за тоа?

Заради ваквите случувања веќе 30 дена во Македонија се протестира против киднапирање на државата и правниот систем од страна на СДСМ, СЈО и некои дипломати. Заради тоа Македонската асоцијација на новинари ги поддржува протестите и повикува секој што е загрижен за слободата, правниот систем и демократијата да се приклучи на протестите.

МАН- Македонска асоцијација на новинари

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1