Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски на својот Фејсбук профил соопшти дека ќе оди во самоизолација.
„Каков ден. Се решаваше судбината на државата. Уверен сум дека граѓаните мудро одлучија и решија државата да продолжи напред.
Во исто време, откако пројавија симптоми, заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и мојот возач денес се тестираа и се покажаа позитивни на Ковид- 19. Согласно препораките на епидемиолозите во следните тринаесет дена ќе бидам во самоизолација. Чувајте се и бидете здрави“, напиша министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на фејсбук.