Манекенка доживеа шок: Ја заболел стомакот, отишла во тоалет и се породила – не знаела дека е бремена (ФОТО)


Ќерката Исла и мајката се добри и се навикнуваат на заедничкиот живот што aвстралиската манекенка Ерин Лангмаид (23) не го очекувала пред две недели, пишува „Дејли мејл“. Ерин од Мелбурн работела цело време и тврди дека користела контрацептивни инјекции.

Таа немала трудничко стомаче, утринско гадење или други знаци на бременост, а на денот кога се родила Исла, се чувствувала лошо. Таа не забележала дека облеката ѝ е тесна.

„Ништо не укажуваше дека нашата ќерка е тука. Тоа беше најголемиот шок во мојот живот“, им порачаа Ерин и нејзиниот партнер Дан Карти на новинарите.

Отишла во тоалет, а десет минути подоцна ја држела ќерката, која е родена здрава и била тешка 3,6 килограми. Дан слушнал дека нешто се случува во бањата, влегол и се изненадил кога го видел бебето.

Исла престанала да дише по раѓањето, па Дан повикал брза помош за да помогне во спасувањето на животот на бебето. Девојчето е родено во 37. недела од бременоста, но Ерин не знаела дека е бремена.

Според статистичките податоци, една од 500 жени не знае дека е бремена до 20. недела, а една од 2.500 жени ја открива бременоста дури кога ќе почне да се пораѓа. Новата мајка тврди дека немало начин на кој ќе открие порано дека е бремена, но таа и нејзиниот партнер со воодушевување ја дочекале улогата на родители на убавата Исла.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1