Временска прогноза за наредните денови: Во недела нова промена на времето


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд. Наутро со услови за појава на магла по котлините, информираа од УХМР.

Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната 10 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд и со услови за утринска магла. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

До крајот на оваа седмица ќе преовладува променливо облачно време. По котлините ќе има услови за појава на утринска магла. Во недела кон крајот на денот се очекуваат нови врнежи од дожд.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1