Роднините на 15-годишно девојче од Куманово, поднесоа кривична пријава против К.Т. (28) жител на Свети Николе поради блудничење над малолетничка.
Имено, девојчето било во посета на роднините во Свети Николе и додека вечерта се возела со велисипед низ градот, пред не излегол К.Т., набрзина ги соблекол шорцевите и и го покажал својот полов орган.
Исплашеното девојче со сета сила ги стиснала педалите од велосипедот и успеала да му побегне на педофилот.
Штом си дошла дома, својата приказна им ра раскажала на роднините кои веднаш случајот го пријавиле во полиција.
Инспекторите набрзо го пронајдоа натрапникот и го приведоа во полициска станица. Тука во присуство на претставник од Центарот за социјална работи од Свети Николе довојчето од Куманово ги препознало човекот што се соблекол пред неа.