Ако температурата се искачи за четири степени, последиците би можеле да бидат катастрофални, пренесува Скај.мк.
Eco Experts објави мапа која покажува како климатските промени би можеле да влијаат на некои земји. Картата ја прикажува чувствителноста на земјите на климатските промени, но и подготвеноста да се справат со предизвиците кои тие ги носат.
Земјите се рангирани без длабинска анализа на нивните карактеристики.
Македонија се наоѓа во средината, со 50 до 59 отсто шанси да ги преживее последиците од климатските промени.