МАПАС ќе ги информира граѓаните за распределбата на средствата во пензиските фондови


Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) денеска соопшти дека ќе ги информира членовите во пензискиот систем за нивната распределба во соодветните пензиски фондови.

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) денеска соопшти дека ќе ги информира членовите во пензискиот систем за нивната распределба во соодветните пензиски фондови и за средствата што ќе им бидат пренесени на нивните индивудуални сметки, вклучувајќи го и надоместокот за ненавремената исплата.

– МАПАС ја известува пошироката јавност дека потполно ја поддржува иницијативата на Министерството за труд и социјална политика и во рамките на своите надлежности ќе соработува со надлежните институции заради заштита на интересите на членовите на пензиските фондови, се наведува во соопштението.

Инаку, денеска Министерството за труд и социјална политика достави кривична пријава против непознат сторител до Основното јавно обвинителство. Покрај пријавата, доставени се и сите документи од анализата на пензискиот систем со која се откриени неправилностите при распределбата на средствата.

Викендот на прес-конференција министерката за труд и социјална политика Мила Царовска обелодени дека на 12 илјади осигуреници на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, кои се во двостолниот пензиски систем, повеќе години не им биле префрлани средства во вториот столб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1