Косовскиот премиер со писмо до сите светски влади


Премиерот на Косово Рамуш Харадинај им испрати писмо со условите за укинување на царините наметнати против Србија и БиХ до сите премиери во светот.

Харадинај најпрвин писмото, во кое вели дека е спремен да ги укине царините ако САД и ЕУ иницираат и организираат меѓународна конференција за сеопфатен договор со Белград, кој би подразбирал заемно признавање и членство на Косово во ОН, им го испратил на амбасадорите на Франција, Германија, Италија, Британија и САД и на шефицата на канцеларијата на ЕУ во Приштина.

Коха пишува дека во писмото до сите премиери Харадинај ја објаснува природата на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Тој вели дека „Дијалогот меѓу Косово и Србија е дијалог меѓу две суверени држави за нормализација на односите, со заемно признавање“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1