Започнаа попладнево но се уште траат преговорите во Пржино. Повеќе од пет часа претставниците на политичките партии и еврокомесарот Јоханес Хан се обидуваат да ги усогласат своите ставови за датумот на изборите, за реформите во медиумите и за начинот на прочистување на избирачкиот список.
Според информациите засега не е постигнат никаков напредок по ниту едно прашање.
Јоханес Хан си заминува од земјава со авионски лет во шест часот изутрина. Ќе има ли договор до тогаш, се уште е неизвесно