Српските медиуми пренесуваат дека 31-годишната Марија Пауновиќ од засега непознати причини ноќта на најголемиот и најтежок христијански празник, скокнала од еден од највисоките солитери во Белград. Несреќната жена која скокнала од седми спрат давала знаци на живот кога дошла Итната помош, но за жал набрзо починала, а докторите и покрај напорите не можеле ништо да направата за да ја спасат.
Станарите се во шок, никој не видел што се случило, а и не знаат кој би бил мотивот. Велат дека работела во агенцијата за чистење и дека жената ја одржувала и нивната зграда. Таа не живеела во зградата од која скокнала, туку само работела.
– Гледав телевизија кога слушнав тресок. Мислев дека е некој судар на улица, а потоа сфатив дека станува збор за трагедија. Ја видов жената како неподвижна лежи на бетон, веднаш беше повикана Брза помош и полиција, вели сосед кој го видел немилиот настан.
Жената неодамна се развела од сопругот и се вратила да живее со мајка си. Таа има две малолетни деца.