Денеска е Светол понеделник- направете само една работа и годината ќе ви биде успешна


Денеска е втор ден Велигден, и со овој ден почнува светлата недела. Со оглед на тоа дека велигденското славење трае три дена, на денешен ден се продолжува обилната гозба на која се честат гости, роднини, соседи, пријатели, кумови.veligden

Кај христијаните денешниот празник е познат и како Светол понеделник и за овој ден важно е да запомните дека денот треба да биде исполнет со веселба. Затоа дружете се, веселете се и целата година ќе ви биде успешна.

Христовото Воскресение Велигден се смета за најголем христијански празник, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Овој празник е спој на верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Велики четврток кога, пред изгрејсонце, домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1