Маркетингот е чудо: Со скокот на Феликс, Ред Бул заработил 6 милијарди долари!


На вложените 50 милиони евра, компанијата која стоеше зад историскиот скок на Феликс Баумгартнер од ивицата на свемирот, заработила 6 милијарди профит само од реклами, истакнал Герхард Хребичек за виенскиот весник „Esterajh“.


„Се е маркетинг“, изјавил спонзорот и основач на Ред Бул и еден од најзаслужните за мисијата „Ред Бул Страторс“ Дитер Матешиќ.
Матешиќ, како што констатира весникот, уште еднаш докажа како функционира маркетингот.
„Ред Бул“ има намера да има долгорочна корист од историскиот скок, а Еуробренд проценил дека вредноста на Ред Бул досега била 11 милијарди евра, додека по скокот истата скокнала на 17 милијарди евра.
-Ред Бул има потенцијал да стане европски Epl- констатирал Хребичек, додавајќи дека Матешиќ морал да излезе на пазарот со нов производ, како на пример автомобил.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1