Видео: Момче ја спасил баба му од пожар – добил тешки изгореници по лицето


Сет Кутрајт (12) од Орегон ја спасил својата баба од пожар. Имено како изјавил на медиумите, намирисал плин во моментот која неговата баба ја фрлила цигарата.

Во тој момент се случила експлозијата, по што избил голем пожар, кој го зафатил него и неговата баба. Сепак Сет се одлучил да ги земе работите во свои раце и да ја изнесе неговата баба од огинот.

„Баба ја зафати пламен, но само малку. Почна да паничи, меѓутоа, јас ја повлеков кај излезот и успеавме да излеземе. Отидов кај комшиите и им реков да викнат помош“, зборуваше храброто момче.
Сет во пожарот се здоби со тешки изгореници по лицето и рацете и телото, а во моментов се опоравува.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1