Мартин освои второ место и награда од 3,4 милиони долари на Дота 2 турнирот


3,4 милиони долари заработи Македонецот Мартин Саздов, кој заедно со неговиот тим го освои второто место на интернационалниот турнир на играта Дота 2 кој се одржа во Сиетл, САД.MARTIN DOTA

Саздов и неговиот тим стигнаа до големото финале каде утринава загубија со 3:1 но сепак и второто место е неверојатен успех за интернационалниот тим кој во своите редови го регрутираше и Саздов.

Покрај Саздов останатите учесници од неговиот тим доаѓаат од САД, Данска, Романија и Украина.

За тоа колкава е популарноста на играта Дота 2 на глобално ниво доволно е само да се погледне наградниот фонд на годинешниот турнир кој надминуваше 20 милиони долари. Победничкиот тим заработи, 9,1 милион долари, додека Саздов и неговите колеги ќе бидат наградени со 3,4 милиони долари.

Екипите кои се натпреваруваат во „ Ки Арена“ во Сиетл мораа прво да ги минат регионалните квалификации пред да стигнат на најважниот е-спорт турнир во глобални рамки. Саздов кој доаѓа од Свети Николе е првиот Македонец кој не само што е дебитант на ваков настан, туку во првиот свој настап го освои второто место.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1