Масакр на туристи во Тунис – ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО Крв на сите страни, 27 мртви на плажа


Нов терористички напад се случи во Тунис во градот Сус, каде мета беше хотелот Имеријал Мерхаба со пет ѕвездички.

Во напад врз хотел во Сус, според наводи на Министерството за внатрешни работи на Тунис, загинаа најмалку 27 луѓе, а повредени се околу сто. Меѓу жртвите има и странци.tunis1

Меѓу жртвите има и Германци и Британци, се вели од туниското Министерство за внатрешни работи. Од германскто Министерство за надворешни работи пак се вели дека се проверуваат ваквите информации. Цел на нападот бил хотелот Империјал Мараба, се вели од туниски безбедносни кругови. Двајца напаѓачи наводно отвориле оган на просторот меѓу два хотела. Таму дошло до престрелка со полицијата. Притоа е убиен еден од напаѓачите. Други детали засега нема.

Сус е едно од омилените туристички места во Тунис. Таму има многу туристи од Европа и од северноафриканските земји, соседи на Тунис.vofoto

Во март годинава, во напад врз Бардо-музејот во главниот град на Тунис беа убиени повеќе од 20 странски туристи. Исламската терористичка милиција Исламска држава тогаш презеде одговорност за делото, но има и знаци дека зад тоа може да стојат луѓе од Ал Каеда. Тоа беше најтешкиот напад во Тунис по повеќе од една деценија.

Светските медиуми јавуваат дека се нападнати и други хотели.

Фотографиите се објавени на друштвените мрежи.tunis3

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1