Масакр ви Калифорнија – убиени 14 луѓе, уште толку повредени


Најмалку 14 луѓе се убиени а уште толку се ранети во пукање во калифорнискиот град Сан Бернардино, објави американската полиција која трага по три сомнителни лица кои отвориле оган во центар за социјална грижа.

Престрелката се случила во  регионалниот центар „Inland“, кој обезбедува помош за луѓе кои страдаат од ментални нарушувања. Тој е еден од најголемите и најпосетувани во Калифорнија, од лица со аутизам и ментална ретардација.kalifor

Локалните телевизии емитуваа снимки на околу 30 луѓе кои излегуваат до зградата, во која претходно биле земени во заложништво.

Во текот на прес-конференцијата која директно ја премесуваше CNN, портпаролот на локалната полиција објави дека „во моментов познато ни е за најмалку 14 загинати и 14 ранети кои се пренесени во болниците со сериозни повреди, најверојатно од огнено оружје“, посочувајќи дека „станува збор за прелиминарни податоци“.

Портпаролката на полицијата за весникот The Los Angeles Times изјави дека сомнителните лица биле тешко вооружени и дека можеби носеле заштитни елеци. Нејзините колеги објавија дека е „потврден еден од тројцата можни сторители“.

Полицаец за телевизијата NBC изјави дека има повеќе смртни случаи, а пожарникарите објавија дека реагирале на дојава за 20 жртви.

Телевизијата CBS извести дека на местото на нападот има и пиротехничари кои се обидуваат да деактивираат експлозивна направа, но оваа информација не е официјално потврдена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1