Времето денес – прогноза


Времето во Македонија ќе биде сончево, претпладне со слаба магла по котлините. Ќе дува слаб северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 11 до 16 степени.mk skopje vodno sonce22
Во Скопје ќе биде сончево со утринска магла. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 13 степени.
Продолжува периодот на стабилно и суво време со релативно високи дневни температури. Поради јужното струење по котлините ќе има појава на утринска магла.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1