Mасакр во Алабама, четиримесечно бебе е единственото преживеано во нападот


Едно четиримесечно бебе е единственото преживеано во нападот во кој во куќа на југозапад од американската сојузна држава Алабама се убиени пет лица, вклучувајќи и една бремена жена, информираа денеска локалните власти.ambulanta

Полицијата го пронашла детето во куќа во градот Ситронел, по пукотницата што се случила доцна синоќа, изјави портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Мобајл, Пол Берч.

-Жртвите се убиени со огнено и друго оружје, изјави тој, не наведувајќи ги деталите од настанот, пренесе Си-Ен-Ен.

Неколку часа по убиствата на полицијата и се предал Дерик Рајан Дирман (27), кој го признал ова свирепо дело, а полицајците се обидуваат да утврдат во каков однос тој бил со жртвите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1