Масакр во Србија: Убил бебе и 12 соседи, па пукал во жената и во себе (Видео/Фото)


Шест мажи, шест жени и едно бебе настрадаа во масакрот којшто го изврши шеесетгодишниот Љубиша Богдановиќ утрово во местото Велика Иванча кај Младеновац, јавува Блиц.

masakr srbija

Бројот на жртвите од денешното убиство во селото Велика Иванча помеѓу Младеновац и Топола достигна 14 лица. Во болница е и напаѓачот Љубиша Богдановиќ, кој е во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот. Во Ургентниот центар утрово се донесени и уште две тешко повредени лица, од кои едното почина.
Според докторот Златибор Лончар, Богдановиќ во Ургентниот центар е донесен до прострелна рана на главата и е префрлен во шок соба.

Дванесет лица починале на лице место, а една седумдесетгодишна жена починала на пат кон болницата. Тој и неговата жена се во критична состојба во Ургентниот центар.

Според кажувањата на комшиите, Богдановиќ утрово околу 5 часот најпрвин во својата куќа со куршум во главата го убил својот син, а потоа се упатил кон куќите на соседите во смртоносен поход и убил луѓе во пет соседни куќи.

u2Злосторството го пријавила неговата сопруга Јаворка и додека била на линија со полицијата се слушнал врисок, поради што се претпоставува дека тој пукал во неа во тој момент. Полицијата веднаш тргнала на местото на злосторството и го затекнала Љубиша во дворот на својата куќа.

Тој пукал во себе пред полицијата. Во овој момент состојбата на убиецот и неговата сопруга е критична.

Околу 9 часот во селото дошла ќерката на убиецот, која не живеела со родителите. Таа е во тешка состојба и се наоѓа во куќата на соседите, а низ цело село се слуша плач и лелеци, јавува Блиц.

Полицијата го блокирала приодот кон сите куќи во кои живееле убиените. Соседите велат дека трагедијата се случила утрово околу 5 часот и дека полицијата доаѓа и кај нив да ги провери дали се добро.

„Така дознавме за масакрот. Тој беше мирен човек. Не знаеме што довело до оваа трагедија. Слушнавме дека синот го убил со куршум во главата“ велат шокираните соседи.

u2Злосторството се случило во крајот кој се нарекува Превала, а Богдановиќ заобиколил само две куќи во тој крај. Неколку дополнителни увидни екипи стигнале на местото, а Богдановиќ пукал со огнено оружје за кое имал дозвола.

Според еден од соседите, Љубиша најпрво го убил синот Бранко кој имал 41 година и пукал кон сопругата Јаворка, а потоа излегол од куќата и се упатил во смртоносниот поход, во кој направил масакр во четири соседни куќи во населбата Превала. Заобиколил само две куќи во тоа место.

Во куќата на семејството Стекиќ ги убил свекрвата и снаата, Даница и Драгана, а потоа во куќато на семејството Деспотовиќ ги убил Михаил и Милена, нивниот внук Горан, неговата 19-годишна сопруга и нивниот двегодишен син. Во следната куќа на семејството Мијаловиќ го убил брачниот пар Вељо и Олга, а потоа во куќата на семејството Јешиќ, ги убил мајката и синот, Љубина и Милош.
Слично масовно убиство имаше во Србија во 2007 година, кога маж уби девет лица во едно село во источниот дел на земјата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1